380
Посна, крцкава, и се топи во уста, питата со печурки ќе ви ги разбуди сите сетила:
Состојки:
400 гр шампињони
12 листови готова кора
1 китка млад кромид
4 чешниња лук
4-5 млади компири или 2 стари
малку бибер. сол
по желба малку истолчена лута црвена пиперка
Подготовка:
На масло пропржете го исечканиот кромид, па на оган додајте ги измиените шампињони и исечканите компири. Посолете и динстајте околу 15 минути. Додадете бибер, пиперка и зачини по желба.
Првата кора попрскајте ја со масло, уште две, а на третата додадете 2-3 лажици шампињони и премачкајте преку кората. Свиткајте ги рабовите за да се тркалаат во ролат.
Намастете го плехот за печење и наредете ги ролните и премачкајте ги со масло.
Се пече на 200 степени околу 45 минути.
На здравје!