[РЕЦЕПТ] Посно домашно течно чоколадо

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Состојки:
400 г сурови лешници
2 лажички ванилин екстракт
¼ чаша какао во прав
малку сол
½ лажица кокосово масло
½ чаша бадемово млеко
мед или шеќер на сладост
Подготовка:
Во загреана на 200 степени печка запечете за неколку минути лешници. Потоа ставете ги во крпа и благо протресете ги, за да паднат луспите. Префрлете ги јатките во кујнски робот и сомелете ги фино. Додајте ги останатите состојки. Кога се добие мазен крем може да сервирате.