[РЕЦЕПТ] Пржен ориз со пилешко и зеленчук

од Vladimir Zorba
780 прегледи

Состојки:
2 лажици сусамово масло
3 чешниња лук
2 парчиња пилешки гради
сол
црн пипер
1 чаша сецкани моркови
1 чаша сецкани брокула
2 чаши кафеав ориз
½ чаша варен грашок
3 лажици соја сос
Подготовка:
Во тава на средна температура загрејте сусамово масло. Во него испржете изгмечен лук. Исечете ги пилешките гради на крупни парчиња. Ставете го во тава кај лукот и пржете до зацрвенување. Зачинете со сол и бибер по вкус. Промешувајте постојано, за да не се залепи месото.

Исечете ги морковите и брокулите на мали парчиња. Додадете ги во тавата. Промешувајте. Во меѓувреме сварее ориз во посолена вода и  исцедете го. Додадете го и него кон месото и зеленчукот. Прелијте со соја сос и добро промешајте за неколку минути. Додадете и сварен грашок. Гответе така уште неколку минути до подготвеност.

 

Слични содржини