393
Идеално смути за брз појадок или ужина.
Состојки:
– 3 зрели банани
– 125 мл млеко (кокосово, бадемово или обично)
– 250 мл густ јогурт
– 1/4 лажичка рендано морско оревче
– малку мед по желба
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер, па мешајте додека не добиете изедначена смеса.
Истурете во чаша, изрендајте уште малку морско оревче и веднаш послужете.
Пријатно!