656
Започнете го денот со витамински напиток.
Состојки:
– 1 портокал
– Малку ѓумбир
– 2 дл јогурт
– 1 банана
– малку мед по желба
– цимет за посипување
Подготовка:
Излупете го портокалот и исечете го на мали парчиња.
Исчистете парче свеж ѓумбир, па исечете го на парчиња
Исечете ја бананата на помали парчиња.
Сето ова ставете го во блендер заедно со јогуртот и убаво измешајте.
Додадете малку мед по желба.
Истурете во чаша и посипете со цимет.
Пријатно!