407
Есенско смути со јаболка во кое ќе уживате.
Состојки:
– 1 големо јаболко
– 125 мл млеко
– 85 гр јогурт
– 5-6 бадеми
– мед или јаворов сируп по вкус
– Цимет
Подготовка:
Јаболкото излупете го, исечете го на ситни коцки и ставете во блендер.
Додадете млеко, јогурт, бадеми, засладувач по желба и измешајте до саканата густина.
Истурете во чаши, посипете со цимет и послужете веднаш.
Наместо цимет, можете да користите кардамон.
Пријатно!