Рецепт: Солено пециво со сирење

од Vladimir Zorba

Пециво со сирење, одлично и кога е изладено.

Состојки

Тесто:

– 300 гр брашно

– 1/2 лажичка прашок за пециво

– 1 кесичка квасец

– 40 мл маслиново масло

– топла вода

Полнење:

– 200 гр сирење

– 1 белка од јајце

– 150 гр намаз со сирење по желба

– магдонос, сол, бибер, млад кромид по желба

Облога:

– 1 жолчка од јајце

– Малку млеко

И на крајот…

– сусам за посипување по желба

Подготовка:

Соединете ги сите состојки за тестото и замесете, оставете да одмори. Подгответе плех обложен со хартија за печење.

Исечкајте го сирењето и измешајте го со ситно сечканиот кромид, белката и намазот по желба. Додадете магдонос, сол, бибер по вкус и убаво измешајте.

Расукајте го тестото на малку брашно во поголем правоаголник дебел околу половина сантиметар и премачкајте го преку смесата со сирење. Исечете го тестото на помали полжави, а потоа ставете ги на плех.

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Полжавите премачкајте ги со мешавина од жолчка и млеко, посипете ги со сусам и печете 25 минути додека не поруменат.

Пријатно!

Слични содржини