113
Состојки:
500 г свински ребра
500 г компири
2 лажици маслиново масло
1-2 лажици мед
сол
црн пипер
оригано
2 лажици Дижон сенф
Подготовка:
Во сад измешајте ги сенфот, зачините, медот. Измешајте добро, додека се мешаат состојките. Извалкајте ги ребренцата во овој сос, додека не се залепи добро за нив. Се лупи и се сече на големи тркалца компирот. Зачинете со сол и бибер. Наредете ги на дното во сад за печење. Посипете ги со маслиново масло. Врз нив подредете ги ребренцата. Печете во загреана рерна на 150-160 степени рерна за околу час и половина.