Производи:
1, 5 кг свинска кртина
1 суп. л. сол, мајчина душица, ловоров лист, сушено оригано
3 суп. л. масло
2 сецканa големa главица кромид
1 толчен лук
500 мл темно пиво
1 суп. л шеќер
0, 50 гр стопен путер
0, 50 гр брашно

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 C. Исчистете го месото од маснотии и пресечете го на стекови. Во мала чинија, измешајте сол, мајчина душица, ловоров лист и оригано.
Поминете го со зачини месото. Ставете го месото во плиток сад и покријте го за да отстои 2 часа во фрижидер. Загрејте го маслото на умерена топлина во сад.
Запржете го месото добро на сите страни. Префрлете го во огноотпорен глинен сад. Ставете го кромидот и лукот во тавата, запржете 5 минути додека не станат црвени. Додадете го пивото и шеќерот и варете ја мешавината. Истурете ја смесата врз свинско месо. Нека се пече околу 2 часа додека не ги прими сите сокови и не стане ровко кога ќе го боцнете со вилушка. Извадете го месото од тенџерето и ставете го во сад за служење. Во мал сад, измешајте го путерот и брашното во хомогена каша.
Загрејте го сосот во тенџере со умерена топлина и варете го сосот. Изматете јајце, и додадете масло за да го згуснете сосот. Нека се врие 3 минути. Откако сосот е густ, истурете во секој дел и сервирајте го. Овој рецепт е за 8 порции. Добар апетит. Вреди да се проба.