[РЕЦЕПТ] Топло чоколадо со путер од кикирики

од Vladimir Zorba

Состојки:
3 чаши млеко
3 лажици природно какао
шеќер по вкус
2-3 лажици путер од кикирики
80 г искршено чоколадо по ваш избор

90b92697077e51658ca288454b7aa437Подготовка:
Во ѓезве измешајте ги какаото и шеќерот. Додајте малку вода колку да се добие хомогена смеса. Потоа дополнете со млеко.

Кога смесата ќе зоврие може да ја тргнете од топлина и да додадете путер од кикирики и чоколадните парченца. Измешајте добро и ставете во соодветна чаша. По желба украсете со крем.

Слични содржини