Состојки:
1 чаша ориз
2 чаши зрел грав (подготвен од конзерва)
1 кромид
2 чаши домати од конзерва
3-4 лажици масло
оригано
2-3 лукчиња или 1 нотка на гранули
сол
Подготовка:
Во длабок сад истурете го маслото. Затоплете го и во него испржете сецкан кромид. Откако ќе се добие златна боја, додадете ги доматите, гравот, толчен лук или гранули. Промешајте многу добро. Зачинете со сол и оригано.
Пробајте сосема малку од јадењето. Ако доматите даваат премногу кисел вкус, додадете една мала штипка шеќер и промешајте. Додаде и 1-1 и ½ чаши вода.
Оставете ја смесата да зоврие и откако ќе почне да врие ставете го и оризот кон производите. Откако ге закркори повторно, покријте со капак и намалете на мала топлина. Гответе така за уште 15-20 минути и извадете од огнот.