Рецепт: Витаминско смути

од Vladimir Zorba
399 прегледи

Витаминско смути направено од овошје, моркови и ѓумбир.

Состојки:

– 1 зрела банана

– 1 поголемо јаболко

– 2 портокали

– 2 помали моркови

– 4 кругови ананас

– 2-3 лажици мед

– парче свеж ѓумбир

Подготовка:

Бананата исечкајте ја на прстени, јаболкото излупете го и исечкајте го на коцки, исчистете го портокалот и одвојте го на кришки.

Потоа исечете го морковот на прстени, а ананасот на коцки.

Се става се во блендер, па се додава парче ѓумбир и мед и се меша се убаво да се соедини.

Пријатно!

Слични содржини