Рецепт за десерт кој кралицата Елизабета често и самата го подготвувала

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Drop scones, вид на десерт налик американски палачинки, бил послужен за појадок во замокот Балморал, кога американскиот претседател Ајзенхауер и неговата сопруга Меми биле гости на кралицата во 1960 година, а десертот толку многу ги воодушевил што го побарале рецептот.

Кралицата подоцна го испратила рецептот до Ајзенхауер. Таа и самата знаела да го подготви овој десерт.

Состојки кои се потребни за приготвување на Drop scones:

– 4 шолји брашно
– 4 лажички шеќер
– 2 шолји млеко
– 2 цели јајца
– 2 лажички сода бикарбона
– 3 лажички прашокот за пециво
– 2 лажици растопен путер

„Кога има помалку гости, обично додавам помалку брашно и млеко, но другите состојки ги користам како што е наведено. Се обидов да користам и златен сируп или меласа наместо шеќер, што се покажа навистина добро“, советувала кралицата во рецептот кој му го испратила на Ајзенхауер.

Што се однесува до подготовката, таа советува да се изматат јајцата, шеќерот и околу половина од млекото, да се додаде брашното и убаво да се измеша, да се додаде остатокот од млекото по потреба, сода бикарбона и шеќерот во прав, па се меша и растопениот путер.

Слични содржини