Состојки:
– 3 белки
– 250 гр шеќер во прав
– 1 ванилин шеќер
– 1 лажица мелен цимет
– 400 гр мелени лешници
Подготовка:
Белките измиксирајте ги во црста пена. Шеќерот во прав додавајте го малку по малку. Од добиената смеса одвоите две полни лажици, ќе ви требаат за премачкување.
Останатата белка матете ја со миксер на најмала брзина, постепено додавајте го ванилиниот шеќер, цимет и околу 15 декаграма лешници.
Продолжете да месите со раце, додајте ги останатите лешници. Површината посипете ја со шеќер во прав и развлечете тесто. Со калап, исечете ѕвезди. Ѕвездите ставете ги во тепсија обложена со мрсна хартија.
Секоја ѕвезда пемачкајте ја со белката.
Печете на 140 степени околу 25 минути. Кога ќе се готови оставете да се изладат. Декорирајте по желба.