Рецепт за „лажен“ зачинет помфрит

од desk4

Ако сте љубител на помфрит, но сакате да најдете поздрав начин како да го консумирате, ви предложуваме да се обидете да го направите од палента.

За овој рецепт најпрво треба да сварите погуста палента на вообичаен начин. Можете да ја зачините и смесата. Излејте ја во тава, во тенок слој и оставете да се олади.

Потоа, од палентата сечете парчиња слични како помфрит.

Загрејте масло, кое можете да го ароматизирате со лук и рузмарин. Пржете по неколку парчиња наеднаш, во врело масло, но не ставајте премногу, за да може палентата рамномерно да се испржи.

Испрженот „помфрит“ ставете го најпрво на впивачка хартија, за да впие евентуален вишок на масло, а потоа послужете со сос по желба, како прилог на јадење или пак, само како мезе.

Слични содржини