Грција ќе може да ги плаќа своите обврски без помош од официјалните кредитори најмногу до крајот на март. Земјата веќе ги има поминато голем дел од девизните резерви, соопшти агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на свој неименуван извор. Атина води битка со партнерите од еврозоната за иднината на својата програма за спас , кој истекува на крајот на февруари.
Евентуалниот неуспех на преговорите ја соочува земјата пред ризик од банкрот. Досега не беше јасно колку време ќе има Атина, пред државната каса да биде испразнета. Без исплатата на траншата од 7,2 милијарди евра за четвртиот квартал на 2014 година, ако не заврши последната проверка и оценка на тројката кредитори, залихите на државата се намалуваат драстично, покажуваат последните податоци. Конфронтацијата на Атина со официјалните нејзините партнери за продолжување на нејзиното кредитирање или елиминирање на меморандумот не дозволуваат досега да се врши нормално финансирање на земјата.
Изворот додава дека земјата е во состојба да го врати кредитот во износ од 1 , 5 милијарди евра кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во средината на март. Чувствителното намалување на буџетските приходи во почетокот на годината, сепак го зголемува притисокот. Според извршувањето на буџетот, објавен од грчкото Министерство за финансии, за јануари приходите од даноците биле пониски со 1 милијарда евра, бидејќи Грците масовно престанаа да плаќаат даноци пред и по парламентарните избори од 25 јануари, кога партијата СИРИЗА ја презеде власта. Грчката Влада побара од партнерите во еврозоната да им биде дозволено да издадат дополнителни каматни државни хартии од вредност над плафонот од 15 милијарди евра кои се веќе на пазарот, но тоа не беше одобрено. Грчката држава треба да покрие исто така 800 милиони евра по плаќања на камата во април. Следните големи плаќања се во јули и август, кога таа ќе мора да зплати околу 8 милијарди. евра обврски, од кои 6,5 милијарди евра кон Европската централна банка.
