Ревакцинирани повеќе од 500.000 граѓани во Србија

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Повеќе од 500.000 граѓани на Србија ја примија втората доза на вакцина за коронавирус, пренесоа локалните медиуми.

Како што напиша Нова.рс, вчера вкупно 497.000 граѓани биле ревакцинирани. Се наведува дека според податоците, во четвртокот до 15 часот биле вакцинирани 1.361.509 граѓани во Србија.

Медиумите објавија и дека следната недела во земјата треба да пристигнат уште 500.000 дози на вакцина од кинескиот производител Синофарм.