266
Вкупно се аплицирани 1.633.125 дози вакцини, а ревакцинирани се 780.456 граѓани, додека трета доза вкупно примиле 43.376 граѓани, соопштија од Министерството за здравство.
Во изминатите три дена вкупно се вакцинирале 8.185 граѓани. Прва доза во изминатите три дена примиле 1.706 граѓани, додека трета доза во изминатите три дена примиле 4.590 граѓани
✅57% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина
✅46% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини
✅39% од вкупното население е има примено една доза вакцина
✅37% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини
✅54% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини