Ревидирана проекција – наместо со 3% годината ќе ја завршиме со 3,9% инфлација

Оваа нова прогноза во нагорна линија е соопштена во новиот Буџет за 2026 иако до неодамна најавите од владиниот врв беа дека ќе завршиме со инфалција под 3%

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Канал 5

Владата ја корегираше прогнозата за инфлацијата во 2025. Наместо досегашната стапка од 2,8% сега предвидува инфлација од 3,9%. Оваа нова прогноза во нагорна линија е соопштена во новиот Буџет за 2026 иако до неодамна најавите од владиниот врв беа дека ќе завршиме со инфалција под 3%.

„Последните два месеци (август и септември) упатуваат на постепена стабилизација и веќе два месеци по ред инфлацијата регистрира забавување на растот. Оттаму, согласно остварувањата во текот на годината проекцијата за инфлацијата е нагорно ревидирана и се очекува просечно да изнесува 3,9% во 2025 година“ – се наведува во Буџетот за 2026.

Инфлација од 3,9% прогнозираат и Народната банка, ММФ и економските аналитичари.

„Според најновите проекции, се очекува дека инфлацијата за целата 2025 година ќе изнесува 3,9 %, во просек, а во понатамошниот период на проекциите ќе следува патека на надолно приспособување и враќање кон историскиот просек. Следствено, инфлацијата ќе се сведе на 2,5 % во 2026 година и 2,0 % на среден рок“ – соопшти гувернерот Трајко Славески.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот ЛИНК.