Ревизија во ФИТР: 60 компании злоупотребиле пари за фантомски проекти

од Nikola Popovski
39 прегледи

Новиот директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Никола Додов, тврди дека направените ревизии покажале оти 60-ина компании не ги исполниле условите и злоупотребиле средства преку фантомски проекти. Имало и фирми, поврзани со функционери. Додов тврди дека се добивале грантови и се плаќале пари за идентични проекти.

„Според нашите наоди, вкупниот износ што овие компании го должат на државниот буџет е 192.888.642 денари, што е приближно 3.200.000 евра. Овие средства, кои биле наменети за поддршка на иновативни и развојни проекти, биле злоупотребени од страна на околу 60 компании. Наместо да ги искористат средствата за реализација на проектите, тие спроведувале фантомски проекти, без конкретни резултати, што резултираа со неуспешни проекти и значителна штета за државниот буџет и граѓаните“, изјави Додов.

Во рамките на ревизијата која ја спроведуваа Фондот, од вкупно 60 компании кои се предмет на истрага, веќе се поведени постапки за наплата на побарувањата пред надлежен извршител додека дел од нив се во постапки за поднесување на кривични пријави, и граѓански парници по кои понатаму ќе постапува надлежното обвинителство, односно надлежните судови.

Слични содржини