Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство на сметката за редовно работење за 2020 година.
Со извршената ревизија за 2020 година, изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.
Извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ВМРО-ДПМНЕ на сметката за редовно работење за 2019 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеност на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатствата и воспоставените политики.
Со ревизијата беше опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2019 година, при што е утврдено дека дадена е една препорака и истата не е спроведена, од причина што спроведувањето на истата зависи од конечната одлука по завршување на постапката поведена пред надлежните органи.
Со ревизијата на финансиските извештаи за 2020 година, констатиравна е состојба која се однесува на забрана за привремено располагање со дел од имотот на политичката партија преку поведена постапка, која влијае на проценетата вредност на дел од недвижниот имот искажан во Билансот на состојба, за што овластениот државен ревизор извести и во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2019 година.
За утврдените состојби дадена е препорака до одговорните лица во партијата со цел преземање мерки за надминување на состојбите.