Државниот завод за ревизија во конечниот извештај за финансиското работење во 2023 година на Универзитетската клиника за неврологија изрази неповолно мислење за веродостојноста и објективноста на финансиските извештаи и резервирано мислење за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.
Со ревизијата на финансиските извештаи на Клиниката, констатирано е дека примени и потрошени лекови за ретки болести од донацијата не се евидентирани во материјалните докази и сметководството.
Констатирани се слабости во планирањето и спроведувањето на средствата од условниот надоместок за набавка на имуномодулаторна терапија.
„Во текот на 2023 година преку апликацијата „Мој термин“ создадени се помалку термини од оние утврдени со закон за вршење здравствени услуги со користење на медицинска опрема. Во дел од постапките за јавни набавки е констатирано несоодветно спроведување на Законот за јавни набавки“.
Исто така, се нагласува дека за надминување на создадените услови дадени се препораки за преземање мерки и активности од страна на одговорните лица за подобрување на условите.