Ревизорските извештаи констатирале неправилности на Клиниката за онкологија и во Битолската болница

од Vladimir Zorba

Главниот државен ревизор Максим Ацевски во интервју за „РСЕ“ посочува дека во ревизорските извештаи објавени во април констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија и во Битолската болница.

Она што е идентично за двете клиники, вели Ацевски, е дека двете институции располагаат со акцелератор кој е наменет за лекување на онколошките пациенти, но поради несоздадени услови дадена е поголема сума на средства, а апаратите не се ставени во функција.

За Клиниката за онкологија, како што вели, контатирано е и дека имало проблем и во начинот на кој се водело издавањето на терапијата.

– Ако ја погледнете содржината на конечниот ревизорски извештај или резимето, утврдено е дека има проблем во начинот на кој се водело издавањето на терапијата, лицата кои се ставаат на терапија, набавката на терапија и евиденцијата. Според пресметките, терапијата која е набавена е во износ од 6 милиони евра и се гледа дека е евидентирана на крај на годината. Негативно во работата на клиниката е што има голем број обврски кои се преземени надвор од предвидениот буџет за нејзино работење, вели Ацевски.

Слични содржини