Револт на ОФС Тетово по одложеното Собрание: Централен регистар издава незаконски решенија

Македонските екипи по многуте бурни реакции почнаа да стануваат обединети и ги бојкотираа како Собранието на ФФМ, така и Собранието закажано на ОФС Тетово.

Во таа насока, ОФС Тетово закажа прес конференција, а во својот допис до медиумите, накратко посочи кој ќе биде фокусот на истата.

„ОФС Тетово за 18 февруари 2021 година имаше закажано одржувањето на Редовното изборно собрание, но истото нема да се одржи поради институционални пречки преку флагрантно кршење на законот и непочитување на судските одлуки. Централниот регистар на Република Македонија незаконски издава решение и нè известува денес (17.02) дека ја поништува одлуката на Второстепениот апелационен суд и со кршење на сите законски норми во ОФС Тетово враќа претседател без право на жалба и кој ги изгубил сите можни судски постапки.

Како резултат на ова, ОФС Тетово го губи правото да го организира Изборното собрание во предвидениот термин и автоматски го губи правото да биде застапена во Централното собрание на Фудбалската федерација на Македонија во следните четири години. Од сето ова, последиците можат да бидат големи за тетовскиот фудбал и клубовите од нашиот регион.

Повеќе детали ќе бидат обелоденети на закажаната прес-конференција во четврток во 12:00 часот“, се вели во дописот од ОФС Тетово.

 

Слични содржини