Работниците на американскиот гигант на интернет „Амазон“ тврдат дека компанијата се однесува кон нив како роботи затоа што бара огромни квоти за работа и се однесува кон вработените со недоволно почитување.
„Со нас се однесуваат како роботи, не како луѓе“,изјавил еден работник, пренесува АП.
Минатата недела работниците во Амазон и тимот на адвокати на синдикатот, вклучително и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, поранешен кандидат за претседател на Демократската партија, започнаа синдикална борба што може да резултира со притисок врз Амазон.
Компанијата одговори со соопштение дека на работниците им исплаќа 15,30 долари на час, што е двојно повеќе од просекот во државата Алабама, дека создала илјадници работни места и дека на своите вработени им исплаќа здравствено осигурување што ги опфаќа и офталмолошките и стоматолошките прегледи.