Револтираните докторки, му ги вратија благодарниците на Сали: Ќе ги прифатиме во подобри времиња

од Берта Китинска
238 прегледи

На Светскиот ден на здравјето, 7 Април, македонскиот министер за здравство Беким Сали им подари благодарници на матичните лекари кои излегоа на протест.
Тие во знак на револт му ги вратија.

-Овие благодарници, ќе ги прифатиме во подобри времиња сега ги враќаме бидејќи сите колеги се наезадоволни, каже еден од докторите на протестот.

Откако беа вратени благодарниците Сали рече:

„Тоа е знак дека не прифаќаат благодарница од министер кој е исто како нив од примарното здравство. Немам коментар“

Матичните лекари и стоматолози бараат зголемување на капитациониот бод кој сега за лекарите е 63 денари да биде 90 денари, а на стоматолозите е 48 денари и се бара и тој соодветно да им се зголеми. Реагираат и дека Фондот за здравство им ги игнорира барањата веќе четири години. Апелираат дека само 13 педијатри работат во примарното здравство, а дека повеќе од 10 години нема стратегија за развој на здравството.

Министерот Сали кој доаѓа од примарното здравство вели дека ги разбира нивните проблеми и најави дека работат на нов модел на финансирање.

Слични содржини