Револуција во Саудиска Арабија: Се враќаме кон умерениот Ислам, ќе го уништиме екстремизмот

од desk2
93 прегледи

Саудискиот принц порача дека ќе го врати умерениот, отворен Ислам во оваа ултраконзервативна земја и ќе ги раскине врските со сите конзервативни имами за во земјата да ги привлече младите луѓе, како и странските инвестиции.


„Се враќаме на тоа што бевме претходно – земја на умерениот Ислам која што ќе биде отворена за сите религии во светот“, изјави Мохамед Бин Салман на економскиот форум во саудиската престолнина Ријад.
„Нема да ги потрошиме следните 30 години од нашиот живот на деструктивни идеи. Ќе ги уништиме уште денес“, изјави 32-годишниот принц, најавувајќи крај на верскиот екстремизам.

Саудиската влада и натаму е на мета на критики на разни организации за човекови права, а принцот Мохамед сака да го промени тоа. Ова е еден вид на продолжение на големата реформа кога неодамна на жените им беше дозволено да возат автомобили.

Саудиска Арабија во изминатите неколку месеци организираше концерти и фестивали на кои што мажите и жените можеа да присуствуваат истовремено. Тамошните власти најавија дека наскоро ќе го дозволат тоа и во кината, а тоа е дел од амбициозните реформи кои што имаат цел да ја поттикнат културната сцена во Саудиска Арабија.

Принцот Мохамед исто така најави формирање на независна економска зона долж северозападниот брег на Саудиска Арабија. Проектот вреден 500 милијарди долари ќе делува по прописи кои ќе бидат поинакви од оние кои што важат во остатокот од земјата. Во таа зона ќе се развиваат индустрии кои што ќе бидат од енергетски сектор, потоа индустрии за биотехнологија, храна, напредно производство и забава.

Сепак, меѓународните надбљудувачи, вклучувајќи ги и Amnesty International, и натаму велат дека Саудиска Арабија паралелно ја зголемува репресијата над активистите за човекови права.

Како и да е, долг е патот на Саудиска Арабија кон, како што велат аналитичарите – „фаќање на возот за 21-ви век“.


Оваа земја со години наназад се соочува со обвинувања за финансирање на терористички организации ширум светот, а исто така, Саудиска Арабија е домот на најголемиот број на џихадисти, повратници од фронтот во Сирија кои што се бореле за Исламската држава. Бројката на поранешни џихадисти во Саудиска Арабија е поголема од вкупната бројка на сите останати земји заедно.

Пристапот на Саудиска Арабија кон една таква конзервативна верска доктрина е важен поради симболичната позиција на оваа земја која што е „родното место“ на Исламот. Сепак, Ријад добива бројни критики затоа што благодарение на парите од извозот на нафта, саудиските власти со години финансираат исламски училишта и изградби на џамии ширум светот./Точка

https://www.youtube.com/watch?v=uzwMQB1Vw0I