Списанието Playboy за прв пат покажува на страниците муслиманка со исламска шамија, пренесе Франс прес.
Сликата е кон статија наречена “Ренегати”, која го насочува вниманието на мажите и жените, ризикувајќи сè, дури и својот живот, за да го прават она што го сакаат. Сликата и статијата ќе се појават во октомврискиот број на весникот.
Фотографиите се на 22-годишната американска новинарка од либиско потекло Нур Тагури, која работи за новинарскиот видеоканал Newsy и е фотографирана за новиот број на Playboy со црна кожна јакна, патики и исламска шамија во боја каки.
Тагури сака да е првата новинарка која носи хиџаб во американската телевизија. Таа тврди дека тешкотиите со кои се борела во квалификацијата на млада муслиманка која пораснала во САД, ѝ помогнале во кариерата.
Во социјалните мрежи Нур има над 100 000 следбеници. Веста за појавата во Playboy беше поздравена од многумина како напредок за неа. Други, пак ја критикуваа остро новинарката и ја потсетија дека Playboy е синоним на порнографијата.
Оваа година Playboy го сврте грбот на голотијата во обид да ја прошири својата публика, потсетува Франс прес.