Резервоарот со нафта во Кочани бил празен, сопствениците не биле поврзани со дискотеката

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информира дека сите 59 починати лица од трагедијата во Кочани се идентификувани и завршена е обдукцијата. Во кочанската дискотека со повреди се здобиле 196 лица од кои 20 се деца. Во моментов 93 повредени се лекување на скопските болници, а 80 се лекуваат во странство.

Извршени биле разговори со 71 лице. 14 лица се во 48-часовен притвор.

Во денешниот претрес во општина Кочани се обезбедува документација поврзана за дискотеката. Исто така биле претресени и службени простории на државен советник во рамки на Министерството за економија.

Околу резервоарот за нафта најден во близина на дискотеката, министерот потврди дека постоела „бензиска пумпа и одреден резервоар вкопан во земја“.

-По првичните информации е празен и не бил во допир со настаниот пожар во ужасната вечер. Сопственичката структура не е поврзана со менаџерската структура која е организатор во дискотеката, појасни Тошковски.

За разрешените началници и командир од СВР Штип и ОВР Кочани, министерот рече дека во моментов не може да прејудуцира никаква вина врз основа на доказите кои што сега се обезбедени. Најави детална анализа и рече дека има обемна документација. Вклучена е и Внатрешната контрола во МВР.

Слични содржини