158
Украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников, апелираше денес до колегите од Европската унија за поддршка на набавка на милион артилериски гранати, што ќе ѝ помогне на Украина да се одбрани од руските напади.
Говорејќи пред новинарите пред министерскиот состанок во Стокхолм, Резников рече дека на Украина итно ѝ требаат гранати за да се одбрани од руските сили и да покрене контранапад, објави „Ројтерс“.