Резников: Главните настани од контраофанзивата допрва доаѓаат

од Stefanija Kuzmanovska

Ослободувањето на неколку села под руска окупација во последните недели „не е главниот настан“ во планираната контраофанзива на Киев, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, пренесе „Ројтерс“.

Главните резерви на украинските војници, вклучително и повеќето бригади неодамна обучени на Запад и опремени со модерни тенкови и оклопни возила на НАТО, допрва треба да се користат во операцијата, рече Резников.

„Кога ќе се случи тоа, сите ќе видат. Сите ќе видат сè“, рече Резников во интервју за „Фајненшл тајмс“, кое беше објавено денеска.

Тој ги отфрли медиумските извештаи за побавно напредување на Украина против добро утврдените руски позиции.

Слични содржини