Резолуција на ЕП: Србија да се усогласи со надворешната политика на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Европскиот парламент вечерва ја заврши расправата за резолуцијата за имплементација на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ (ЗСБП), која треба да биде усвоена утре, а во делот од тој документ кој се однесува на Србија, се наведува дека Белград мора да се усогласи со надворешната политика на Унијата.

Во резолуцијата, кога станува збор за Србија, се наведува дека Европскиот парламент „жали за континуирано нискиот степен на усогласеност на Србија“ со ЗСБП и повторува дека „новите поглавја од преговорите треба да се отворат само кога Србија ќе ја зајакне својата посветеност на реформите во областите на демократијата и владеењето на правото и да покаже дека е целосно усогласена со надворешната политика на ЕУ“.

Во резолуцијата на ЕП, чиј автор е претседателот на Комитетот за надворешни работи на ЕП, Германецот Дејвид Мекалистер, се наведува дека Србија, како земја која се стреми кон европска интеграција, „мора да се придржува до заедничките вредности и права на ЕУ“.

Слични содржини