Државниот испитен центар (ДИЦ) информира дека средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати од државната матура е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61.
-Следува период на приговори, односно заклучно со 5 јули 2022 година учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули 2022 година. Увидот во тестовите лично од страна на кандидатите е на 13 јули во ДИЦ, по предходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули 2022 година, велат од ДИЦ.
ДИЦ потенцира дека денес 1 јули 2022 година во 12 часот ќе се објават прелиминарните резултатите од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок.
-Истите се испратени до училиштата, а може и електронски секој кандидат со најава на http://rezultati.dic.edu.mk да ги види своите, додаваат од ДИЦ.