Изборната комисија денеска ги објави официјалните резултати од претседателските избори во Австрија одржани на 9 октомври, потврдувајќи дека Александар ван дер Белен победил во првиот круг од гласањето со 56,7 отсто од гласовите.
Излезноста на гласачите на овие избори, на кои учествуваа 6.363.336 австриски државјани, изнесува 65,2 отсто.
На второ место е кандидатот на Слободарската партија на Австрија (ФПО) Валтер Розенкранц со 17,7 отсто од гласовите, а по него е лидерот на „Пивската партија“ Доминик Влазни со 8,3 отсто.