560
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска на прес конференција ги објави официјалните резултати од Пописот. Во своето обраќање тој истакна дека Државниот завод за статистика успеал да спроведе успешен попис.
-Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население. Податоците покажуваат дека од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи. Од резидентното население, како Македонци се изјасниле 58,44 отсто од граѓаните, а како Албанци 24,3 отсто кажа Симовски.