166
Пратеникот Скендер Реџепи синоќа најави дека во Собрание ќе гласа само за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но не и за другите министри и заменици-министри.
„Јас ќе гласам за разрешувањето на министерот за здравство. Без сомнение бидејќи најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја. За другите министри никогаш нема да гласам да се разрешат“, рече Реџепи во гостување на ТВ21.
Според него, „не може само за Министерството за здравство да се изгори цела Алтернатива“.
Тој најавил и дека ќе побара средба со премиерот Димитар Ковачевски за да разговара за меѓунардна истрага за случаите „Монструм“, „Диво насеље“, „Алфа“ и „Малиот Алмир“.