Ријана на доделувањето на Оскари, познато која песна ќе ја изведе

од Stefanija Kuzmanovska
180 прегледи

Поп пејачката Ријана ќе ја отпее песната од филмот „Black Panther: Wakanda Forever“ на престижната церемонија за Оскар на 12 март во Лос Анџелес, неколку недели по нејзиното враќање на сцената.

Поп-ѕвездата ќе го отпее својот хит „Lift Me Up“, кој е номиниран во категоријата за најдобра авторска песна, објавија организаторите на церемонијата на Оскар.

Во таа категорија номинирани се и „Hold My Hand“ од Лејди Гага за филмот „Top Gun: Maverick“ и песната „Naatu Naatu“ од композиторот М.М. Кееравани за филмот „РРР“.

Ријана не стапнала на сцената седум години, а на сцена повторно се појави во февруари на полувремето од Суперболот.

Досега поп-пејачката никогаш не била номинирана за Оскар, но има освоено девет американски музички награди, Греми.

95-тото доделување на Оскарите ќе се одржи на 12 март во театарот Долби во Лос Анџелес. Домаќин на церемонијата ќе биде комичарот Џими Кимел.

Слични содржини