Ријана сподели СИМПАТИЧНО ВИДЕО од нејзиниот син: „Нема да оди на Оскари…“

од Stefanija Kuzmanovska
294 прегледи

Ријана долго време го чуваше својот син во тајност, се до семејната фотосесија за Vogue минатиот месец. Сега објави симпатично видео од малото момче и нејзиниот коментар ги насмеа сите.

Таа неодамна настапи на полувремето од Суперболот, каде со својот настап го остави светот без зборови, а воедно ја најави и втората бременост, па играта ја стави на втор план.

По нејзиниот неверојатен настап, Ријана откри и дека ќе се појави на Оскарите подоцна оваа недела. Таа ќе ја изведе песната „Lift Me Up“ од филмот Black Panther: Wakanda Forever, за која беше номинирана за најдобра оригинална песна. Ова е нејзина прва номинација за Оскар.

Со оглед на тоа што подготовките течат, таа ги изненади своите следбеници на социјалната мрежа со видео на кое се гледа реакцијата на нејзиниот син на спотот за песната што ќе ја изведе на доделувањето, со коментар:

„Син ми кога дозна дека брат му или сестра му ќе одат на Оскарите, а не тој“, напиша пејачката.

Слични содржини