
Три земји од Персискиот залив (Саудиска Арабија, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати), а исто така Египет, Малдивите и Јемен соопштија дека ги прекинаa дипломатските односи со водечкиoт производител на природен гас, Катар, пренесува РИА Новости.
Блискоисточниот емират, игра клучна улога во муслиманската политика, а беше обвинета за поддршка на исламисти и за пријателство со Иран.
Формирана по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во Саудиска Арабија, антикатарска коалиција има намера да дејствува решително: да ги прекине копнените, морските и воздушните врски со земјата противник. Се подготвува и блокада и стимулиран раст на цените на енергенси и се заканува да пропадне Светското првенство во фудбал во 2022 година во Катар.
Програмата за изолацијата на Катар започна од Саудиска Арабија и нејзините сојузници кон крајот на мај, а како првично беше вклучуваше блокирање на телевизискиот канал “Ал Џезира”, за кој се сомнева дека помага на група “Муслимански браќа”.
Тогаш на сајтот на катарската новинска агенција се појави информација за можното потсета на амбасадорот од Саудиска Арабија и прекинувањето на дипломатските односи. Во ноќта на 5 јуни стана јасно дека од зборовите брзо се премина кон дела. Шест земји ги прекинаа дипломатски односи со Катар. А истовремено со тоа Саудиска Арабија, која контролира 40% од испораките на прехранбени производи во емиратот, ја затвори копнената граница со него.
Пакетот од антикатарските санкции е формиран на таков начин да нанесе максимална штета на економијата на оваа земја. Освен од извозот на нафта и гас буџетот на Катар е составен даноциите на авиокомпанијата “Катар ервејс”. Затворање воздушниот простор за нејзините авиони, Саудиска Арабија ќе влијае на дел од економијата на “казнетата држава”.