Рибери се враќа во Баерн Минхен

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Славниот француски репрезентативец, Франк Рибери помина 12 години како првотимец на Баерн пред да замине во Италија, а сега, две години по завршувањето на кариерата, ќе се врати во славниот германски клуб.

Имено, според германските медиуми, еден од најдобрите фудбалери на баварскиот клуб од времето кога беше неприкосновен во Бундеслигата, нема да биде замена за Томас Тухел кој си заминува на крајот од сезоната, туку треба да биде еден од тренерите во Академијата на Баерн.

Рибери во редовите на најпознатиот германски клуб дојде на 24 години, а го напушти како ветеран на 36 години и за тоа време поминато на „Алијанц Арена“ успеа да освои 22 трофеи, меѓу кои и Лигата на шампионите.

Дополнително, поранешниот светски шампион со француската репрезентација девет пати го освојуваше пехарот во Бундеслигата, шест пати триумфираше во националниот куп со Баерн, а освои и пехари во Суперкупот на Европа, како и во Светското клупско првенство.

Германските медиуми потсетуваат дека Французинот се уште нема тренерска диплома, но е во завршна фаза на добивање и клубот реши да му даде шанса да покаже колку знае.

Засега би требало да биде во помладите категории, додека не стекне искуство, а подоцна би можел да биде и кандидат за тренер на Баварците.

Слични содржини