Ричард Ховит : Квалитетот на изборите е поврзан и со датумот на нивното одржување

од desk3
96 прегледи

Датумот на одржувањето изборите и демократскиот квалитет на изборниот процес не можат да се разгледуваат одделно, изјави денеска за „Мета“, европратеникот Ричард Ховит, еден од посредниците во склучувањето на Договорот од Пржино.

hovit-540x305

Изјавата на Ховит доаѓа по одлуката на Собранието да се распушти и на опозицијата да не учествува на изборите затоа што не се создадени услови за веродостојни избори.

Ховит повтори дека за време на посетата на Македонија, на македонските политички партии им ја истакнале потребата, пред изборите, да се спроведе прочистување на избирачкиот список и да се продолжи со реформи во медиуми.

СДСМ не оди на избори ! Што беше прашан, а што одговори Зоран Заев

Сепак, тој не сакаше одделно од другите европарламентарци, Иво Вајгл и Едвард Кукан, да ја коментира одлуката на СДСМ да не учествуваат на изборите.

– Во овој момент нема да дадам други лични коментари, одвоени од моите колеги од Европскиот парламент, освен што ќе кажам дека останувам посветен, заедно со нив и со партнерите во Македонија, да ја разгледаме ситуацијата, во интерес на нашите заеднички демократски вредности и нашата заедничка европска иднина – рече Ховит.

МЕТА