Huawei веќе се етаблира како втор најголем производител на смартфони во индустријата, откако успеаја да ги надминат во продажба Apple. Кинескиот гигант има амбициозни планови за наредните квартали во кои не очекуваат уште интересни премиери на нивните нови производи. Потсетуваме дека на 16 октомври е премиерата на Mate 20 и Mate 20 Pro, која ќе стане факт на специјален настан во Лондон. Извршниот директор на Huawei, Ричард Ју потврди дека компанијата работи на Huawei P30.

Во својата изјава тој го спомена само името на смартфонот без да открива информации за техничките карактеристики кои не очекуваат, пренесоа TechRadar. Уредот нема да биде претставен оваа година, а тоа ќе се случи во првите три месеци од 2018 година. Ричард Ју изјави дека Mate 20 моделите ќе се подобри од P20 Pro, а P30 ќе биде дури и подобар од претстојните смартфони кои ќе ги видиме во октомври. Уредот најверојатно ќе понуди три камери Leica.
Сигурно Huawei P30 ќе стане еден од најдобрите смартфони со Android кои ќе ги видиме во почетокот на 2019 година. Интересно, Samsung Galaxy S10 ќе се појави на виделина во исто време. Тоа значи дека уште од првите недели на следната година не очекуваат многу интересни случувања во мобилната индустрија. Huawei P30 ќе има клучна улога за обидите на компанијата да го скратат растојанието од Samsung и да станат најголемиот производител на смартфони во светот.