Ријалити sвезда за тајната врска со Роналдо: „Спиевме, а потоа ме блокираше на социјалните мрежи“

од Nikola Popovski
191 прегледи

Кристијано Роналдо, наводно, два месеци тајно се допишувал со ријалити sвездата Наташа Родригез, кратко време откако ја запознал сегашната сопруга Георгина Родригез, пишува „The Sun“.

Наташа тврди дека порано се допишувала со Роналдо, по раскинувањето со манекенката Ирина Шајк. Таа за странските медиуми изјави дека му испратила видео од задникот.

„Беше еден часот наутро и го направив тоа на шега. Не мислев дека ќе одговори. Но, во шест часот наутро ми испрати порака и работите почнаа да одат. Гледајќи наназад, посакувам да не го направев тоа. Кога му испратив видео во кое сум во долна облека, тој рече дека сака да ме види лично. Кристијано секогаш даваше до знаење дека му се допаѓа моето тело“, рекла Наташа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natacha Sofia (@natachasofiaoficial)

Ријалити sвездата тврди дека таа и Кристијано се виделе за прв пат дури во март 2017 година, по бројни одложувања, како и дека имале сексуални односи, а фудбалерот ја замолил се да биде строго доверливо. Меѓутоа, набргу потоа, тој ги блокирал нејзините повици и ги прекина сите контакти на социјалните мрежи.

„Бев повредена од начинот на кој ме остави и ме блокира на Инстаграм откако спиевме заедно, а тоа се уште боли сега. Роналдо само така ме избрка, а истото може да го стори и со Георгина. Кристијано ќе биде одличен улов за сите и таа мора да внимавам на него“, рече Наташа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natacha Sofia (@natachasofiaoficial)