“Мислам дека не треба да верувате на сè”. Така Ријана ги коментира гласините за врската со актерот Леонардо ди Каприо.0227-rihanna-leonardo-dicaprio-splash-split-3

27-годишната пејачка жнее успеси на полето на шоу-бизнисот и нема време за љубовни врски, пишуваат американските медиуми. Претходно овој месец, сепак излезе информација дека барбадоската убавица е во врска со ѕвездата од “Волкот од Волстрит” и дури се преселила во неговата куќа.

Откако портпаролот на Леонардо ги негираше гласините тоа го потврди и самата Ријана за списанието “Hello”.

“Мислам дека не треба да верувате во сѐ, за да не бидете измамени”, рече таа. Ријана изјави дека во моментов ѝ служи само на музиката и нејзината работа како лице на Диор.

Слични содржини