Ријана откри повеќе од што требаше во „ризичен“ фустан на црвен тепих

241 прегледи

Пејачката, актерка, модна дизајнерка, бјути монгол и авторка Ријана освен по овие наведени работи позната е и по својот стил.

Кога станува збор за мода, таа никогаш не игра по правила и не се плаши да ризикува, а нејзиниот најпрепознатлив стилски потпис е сексипилот. Тоа го потврди и со последното издание на црвениот тепих за премиерата на филмот „Queen and Slim“ во Лос Анџелес.

https://www.instagram.com/p/B4-cpxKB3Sk/

Црвениот тепих го прошета во ризичен кимоно-фустан кој е дел од колекцијата на Џон Галејн.

Во свилен винтиџ фустан, Ријана ги покажа своите тетоважи на деколтето и одличните нозе, но морала да внимава на секој чекор да не открие премногу.

Фустанот цело време го држела со едната рака а во другата носела Џими Џу торбичка. Аутфитот го дополнила со црни сандали од Маноло Бланк како и раскошен ѓердан.

Слични содржини