Рикер: Блокадата на С. Македонија го истакнува впечатокот дека ЕУ го остава Балканот зад себе

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Високиот претставник на Стејт Департментот, Филип Рикер на прес-конференцијата во Охрид заедно со премиерот Зоран Заев, нагласи дека САД и Северна Македонија како сојузници постигнаа многу заеднички достигнувања и ги нагласи Охридскиот рамковен договор и Договорот од Преспа кои ја имаа силната поддршка на Вашингтон затоа што јасно ја определија траекторијата на Северна Македонија кон заедницата на прогресивните демократии.

„Блокадата за пристапните преговори за Северна Македонија го поткопува кредибилитетот на Европа и го истакнува впечатокот дека ЕУ го остава регионот зад себе”, рече на прес-конференцијата вршителот на должноста помошник секретар Филип Рикер, и заклучи дека „Северна Македонија во Соединетите Американски Држави има пријател како никој друг”.

Слични содржини