„Преспанскиот договор бараше политичка храброст. Кога зборуваме за неговото наследство, се поствија стандарди за остатокот од регионот, а навистина и за остатокот од светот, како се решаваат отворени конфликти преку дијалог“, изјави поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер на Преспа-форумот.
Според него, овој Договор донесе предности, како за Македонија, така и за Грција.
„Со него, се потврди заложбата на Грција кон Западен Балкан и ѝ овозможи на Македонија да напредува. Меѓународната заедница го препознава напредокот на земјата. САД, Бајден, јас и Блинкен имаме доверба дека С. Македонија може и ќе направи се што треба за да се зајакне владеењето на правото и искоренување на корупцијата, за да се обезбеди просперитетна иднина на земјата. САД сака да стои рамо до рамо со вашата земја како партнер“, истакна Рикер.