Рикер: Видливо е влијанието на Москва во обид да создаде немир во Македонија

од Nikola Popovski
237 прегледи

Видливо е влијанието на делот од пристапот на Москва да се обиде да создаде не само дезинформации, туку и немир, изјави поранешниот американски амбасадор во Скопје и помошник – државен секретар Филип Рикер во интервју за напорите на Русија да шири дезинформации за да ја поткопа демократијата и националната безбедност, особено во Македонија.

Тој во интервју за „Гласот на Америка“ порачал дека се горди што ја имаат Северна Македонија како 30-та членка на НАТО.

– Мислам дека е извонредно што Скопје ги започна разговорите со Брисел во однос на пристапните преговори. Очигледно има некои чекори на патот што треба да се изодат, што, пак, иако САД не се дел од Европската унија, се разбира, долго го поддржуваме членството на Северна Македонија во ЕУ, кажал Рикер.

Слични содржини