Рики Герваис ги шокираше актерите со својот говор на Златните глобуси

Водителот на овогодинешните Златни глобуси, комичарот Рики Герваис, на доделувањето на филмските награди одржа воведен говор во кој го извреѓа скоро цел Холивуд.

Герваис во говорот не поштеди никого, а не се воздржуваше дури ни кога некои започнаа да му свиркаат во неодобрување.

„Доколку денес освоите награда, немојте тоа да го користите за да одржите политички говор. Вие не сте во позиција да држите предавања за ништо. Вие немате поим за реалниот свет. Поголемиот број од вас биле помалку во школо од Грета Тунберг“, рекол Герваис на сцената.

„Затоа, доколку освоите награда, качете се на сцената, заблагодарете му се на својот агент и својот бог и само одјебете“, продолжил.

Тој го „чепна“ и љубовниот живот на Леонардо ди Каприо и актерката Филисити Хофман која ја отслужи затворската казна, а не штедеше ниту на стриминг сервисите.

Ја чепна и темата за Џефри Епштајн. Зборуваше за серијата Afterlife, па се надоврза: Спојлери, стигнува и втората сезона па очигледно типот не се убил на крајот. Исто како што ниту Џефри Епштајн не се уби“.

Кога се слушнаа реакциите на публиката, Герваис рекол: „Ма замолкнете, на сите ви беше пријател“.

Реакциите на неговиот говор да социјалните мрежии не стивнувааа.

„По ѓаволите, Рики го убива цел Холивуд. Ова е неверојатно“, пишувале.

Слични содржини