Пејачот Рики Мартин поднесе тужба против неговиот внук Денис Санчез Мартин, кој го обвини за сексуална злоупотреба и бара 20 милиони долари оштета, пишува магазинот People.
Рики Мартин го направи овој потег неколку недели откако неговиот внук ја отфрли тужбата за сексуален напад, а судијата ја укина привремената забрана против него.
Да потсетиме, внукот на познатиот пејач во обвинението изјавил дека тој и Рики Мартин биле во романтична врска седум месеци и дека пејачот „не го прифатил“ раскинувањето кое се случило два месеци пред да ја поднесе тужбата“.
Внукот рече дека се плаши за својата безбедност и побара забрана за приближување која истече на 21 јули, а истиот ден, за време на сослушувањето преку адвокат, побара да ја повлече тужбата, наводно поради неуспешен обид да преговара за финансиска спогодба со адвокатите на Мартин.
Пејачот сега го тужи својот внук за 20 милиони долари за изнуда, неосновани обвинувања, злоупотреба на права и отштета.